Покана и повик за средношколски есеј ФФФ 2020

Средношколската видео лектира, сегмент од Едукативната програма (ЕП) на 10. Филозофски Филмски Фестивал, наменет за средношколците од нашата земја оваа година поради ковид-пандемијата се организира на начин прилагоден на околностите. Така, наместо класичната филмска проекција во МКЦ (претходно закажана за 17 март), во периодот помеѓу 20-25 октомври 2020 год. на онлајн платформата Cinesquare, учениците/менторите ќе можат да го погледнат ремек делото на францускиот режисер Робер Бресон „Со среќа, Балтазар“ (1966), a потоа да пишуваат филмософски есеј на тема: „СО СРЕЌА, БАЛТАЗАР“: ПОГЛЕДОТ НА ЖИВОТНОТО – ПОГЛЕД ВО ЧОВЕЧКОТО СРЦЕ.

Вовед во филмот, односно некои од можните инерпретации и разработки на темата, учениците/менторите можат да видат во видеото со нашиот Стручен соработник, проф. д-р Ана Димишковска. Пристигнатите есеи ќе ги оценува тричлена стручна комисија и најдобрите три ќе ги добијат следните награди: три едногодишни стипендии од Интернационалиот универзитет Еуропа Прима (поранешна ЕФТА), парични награди (6.000, 3.000 и 1.500 ден. соодветно за тројцата првонаградени), списанија и зборници од Филозофското друштво на Македонија, филозофска литература од издавачката куќа „Аз-Буки“, книги од Францускиот институт во Скопје, подароци од Кинотеката на С. Македонија. Првонаградениот есеј ќе биде објавен и во националното филозофско списание „Филозофска трибина“.

Годинешни соработници на овој сегмент од програмата се: Министерството за култура, Агенцијата за филм, онлајн платформата Cinesquare, Интернационалиот универзитет Еуропа Прима, издавачката куќа „Аз-Буки“, Францускиот институт во Скопје и Кинотеката на С. Македонија.

 

Related Post