Повик за учество – Работилница „Филозофија за деца преку филм“

Филозофија за деца, третиот сегмент од Едукативната програма (ЕП) на 10. Филозофски Филмски Фестивал, оваа година ќе се сосредоточи на Работилницата за наставници, студенти и заинтересираните родители. Поради околностите, теоретското предавање и демонстрацијата на методот/ите со учениците се поместени за пролетниот период.

Тема на годинешната Работилница ќе биде ФИЛОЗОФИЈА ЗА ДЕЦА ПРЕКУ ФИЛМ и таа ќе се одржи онлајн во три сесии (10-12 ноември, 18:30 – 19:30 ч.) од страна на д-р Веселин Дафов, професор на катедрата за филозофија на Филозофскиот факултет при Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“ и основач на „Онтоидеја“, образовна институција за филозофија за деца.

Работилницата е наменета за наставници, студенти и родители заинтересирани за развојот на критичката рефлексија и креативната мисла кај децата уште од најрана возраст. На Работилницата ќе можат да присуствуваат најмногу 20 учесници. Заинтерисаните треба да го пополнат кусиот прашалник, којшто се наоѓа на следниот линк https://forms.gle/inzz6y7QC5SmYMKA6.
Учеството на Работилницата поради околностите оваа година е без котизација.

Присуството на оние што ќе покажат интерес да учествуваат ќе биде потврдено најдоцна до 6-ти ноември (петок) кога и ќе им биде испратен и Zoom-линк за Работилницата.

Институционални поддржувачи на овој сегмент од програмата на Фестивалот се Агенцијата за филм и Министерството за култура.

Related Post