СВЛ Конкурс 2020: Наградени есеи

СВЛ Конкурс 2020: Наградени есеи

Средношколската видео лектира (СВЛ) од Едукативната програма на ФФФ, и покрај сите предизвици оваа година, беше реализирана минатиот месец во онлајн формат, во соработка со Cinesquare. Есеите оваа година беа инспирирани од уште еден неодминлив филмски класик „Со среќа Балтазар“ на францускиот режисер Робер Бресон, на тема „СО СРЕЌА БАЛТАЗАР“: ПОГЛЕДОТ НА ЖИВОТНОТО – ПОГЛЕД ВО ЧОВЕЧКОТО СРЦЕ. По посветената работа на трочелната Комисија во состав проф. д-р Слободанка Марковска, проф. д-р Вангел Ноневски и…

Read More

Промоција на
„Замислување на мирот“ на Вим Вендерс и Мери Зурназии

Промоција на „Замислување на мирот“ на Вим Вендерс и Мери Зурназии

Филозофскиот Филмски Фестивал и Филозофското друштво на Македонија (PHILOSOPHICAL SOCIETY of MACEDONIA), како издавач, Ве покануваат на промоцијата на македонскиот превод на книгата strong>ЗАМИСЛУВАЊЕ НА МИРОТ: ДИЈАЛОГ ЗА ПЕРЦЕПЦИЈАТА (Inventing Peace, A Dialogue on Perception) на режисерот Вим Вендерс и проф. д-р Мери Зурнази. Промоцијата поддржана од Министерство за култура ќе се одржи на 3 ноември (вторник) со почеток од 19:00 ч. во Кинотека на С. Македонија. Промотор на книгата ќе биде проф. д-р Иван Џепароски,…

Read More

Повик за учество – Работилница „Филозофија за деца преку филм“

Повик за учество – Работилница „Филозофија за деца преку филм“

Филозофија за деца, третиот сегмент од Едукативната програма (ЕП) на 10. Филозофски Филмски Фестивал, оваа година ќе се сосредоточи на Работилницата за наставници, студенти и заинтересираните родители. Поради околностите, теоретското предавање и демонстрацијата на методот/ите со учениците се поместени за пролетниот период. Тема на годинешната Работилница ќе биде ФИЛОЗОФИЈА ЗА ДЕЦА ПРЕКУ ФИЛМ и таа ќе се одржи онлајн во три сесии (10-12 ноември, 18:30 – 19:30 ч.) од страна на д-р Веселин Дафов, професор…

Read More

Покана и повик за средношколски есеј ФФФ 2020

Покана и повик за средношколски есеј ФФФ 2020

Средношколската видео лектира, сегмент од Едукативната програма (ЕП) на 10. Филозофски Филмски Фестивал, наменет за средношколците од нашата земја оваа година поради ковид-пандемијата се организира на начин прилагоден на околностите. Така, наместо класичната филмска проекција во МКЦ (претходно закажана за 17 март), во периодот помеѓу 20-25 октомври 2020 год. на онлајн платформата Cinesquare, учениците/менторите ќе можат да го погледнат ремек делото на францускиот режисер Робер Бресон „Со среќа, Балтазар“ (1966), a потоа да пишуваат филмософски…

Read More

Специјални проекции на победничките филмови

Специјални проекции на победничките филмови

9. Филозофски Филмски Фестивал (ФФФ) трета година по ред традиционално ќе заврши со Специјалните проекции на филмовите добитници на „Златен був“ од жирито и публиката во селекцијата на долгометражни филмови. Настаните ќе се одржат во вечерва и утре (10-11 јуни), во Кинотеката на С. Македонија со почеток во 21 часот. Вечерва (10 јуни, понеделник) ќе биде прикажан добитникот на „Златен був“ од жирито, турскиот филм КРАДЦИ НА ГУЛАБИ. Жирито во состав: Милчо Манчевски (светски признат…

Read More

Ретроспектива Вим Вендерс во продолжение на 9. ФФФ

Ретроспектива Вим Вендерс во продолжение на 9. ФФФ

По завршувањето на Главната програма, 9. Филозофски Филмски Фестивал минатата недела (20-23 мај) по петти пат го реализира ФФФ Караванот, односно пренесе дел од фестивалскиот дух и атмосфера во четири градови низ земјата: Штип, Свети Николе, Прилеп и Битола. Публиката во овие градови имаше можност да погледне два од победничките филмови во компетитивната селекција (Штип), како и дел од Ревијалната програма филм-философија, односно филмови проследени со излагања и отворена дискусија со гостите (Свети Николе, Прилеп,…

Read More

Добитници на „Златен був“: Крадци на гулаби“ и 8’19”

Добитници на „Златен був“: Крадци на гулаби“ и 8’19”

Вчера вечерта, во Кинотеката на С. Македонија на свечен начин со прогласување на добитниците на „Златен був“ заврши 9. Филозофски Филмски Фестивал. Во конкуренција на селекција на долгометражни филмови жирито што го сочинуваа познатиот македонски режисер – Милчо Манчевски, професорот по филмски студии од Универзитетот во Единбург и стручњак во областа на филм-философијата – Дејвид Сорфа и професорот по филозофија и научен истражувач – Бошко Караџов, „Златниот був“ му го додели на КРАДЦИ НА ГУЛАБИ…

Read More

Прогласување на добитниците на „Златен був“ и „Заливот Слек“ за крај на 9. ФФФ

Прогласување на добитниците на „Златен був“ и „Заливот Слек“ за крај на 9. ФФФ

Денес, со прогласувањето на добитниците на наградите „Златен був“ свечено ќе биде спуштена завесата на 9. Филозофски Филмски Фестивал. Фестивалот доделува „Златен був“ од публиката и стручните жирија во конкуренција на долгометражни и краткометражни филмови. Во селекцијата за долгометражни филмови жирито во состав: Милчо Манчевски, Дејвид Сорфа и Бошко Караџов ќе го прогласи победникот помеѓу грузискиот НАМЕ на Заза Калваши, литванско/латвиско/хрватската копродукција ДИШЕЊЕ ВО МЕРМЕР на Гиедре Беинориуте, австрискиот ГРАДИНА на Питер Шрајнер, бугарскиот омнибус…

Read More

„Деца на човештвото“ и „Стикс“ на седмиот ден на 9. ФФФ

„Деца на човештвото“ и „Стикс“ на седмиот ден на 9. ФФФ

ОСВРТ КОН ШЕСТИОТ И НАЈАВА НА СЕДМИОТ ДЕН НА 9. ФФФ   Вчера вечерта со прикажување на 10 филмови од различни земји од светот заврши компетитивната програма на краткометражните филмови на 9. Филозофски Филмски Фестивал. Меѓу нив присутната публика можеше да види и два македонски филма – КОГА НÈ НЕМА, на Стефан Палитов и ПОЧЕТОКОТ, на Агим Абдула. Во Официјалната селекција за наградите „Златен був“ од публиката и жирито (д-р Габриела Калчи Новати, м-р Наум…

Read More

„Крадци на гулаби“ и втората вечер краткометражни филмови

„Крадци на гулаби“ и втората вечер краткометражни филмови

ОСВРТ КОН ПЕТТИОТ И НАЈАВА НА ШЕСТИОТ ДЕН НА 9. ФФФ Понеделникот го означи и почетокот на компетитивната селекција на краткометражни филмови на 9. Филозофски Филмски Фестивал. Во конкуренција за „Златен був“ од публиката и жирито (Наум Трајановски, Габриела Калчи Новати и Иво Бару) се наоѓаат вкупно 19 филмови. Првата вечер беа прикажани девет (9) филмови од осум (8) земји: Непал, Шпанија, Русија, Португалија, Узбекистан, Германија, Јужна Кореја и два филма од Белгија. Вечерта на краткометражни…

Read More
1 2