Најдобри краткометражни филмови на ФФФ 2020, објавени награди

Жирито во состав Стефан Палитов, Станислав Лигужињски (Stanisław Liguziński) и Стефан Видиков, по долга и плодна делиберација,

одлучи кои се двата Најдобри кратки филма на ФФФ 2020…

 

⚜️ ОСЛО (Oslo) на реж. Шејди Сроу / Shady Srour

Награда за Најдобар краткометражен филм на ФФФ 2020

(„Златен був“ и симболична финансиска награда)

ПОГЛЕДНИ ГО ФИЛМОТ: https://cinesquare.net/#/movie/1510/_oslo

ОСЛО е трпeлива повеќеслојна медитација за егзистенцијализмот, направена со маестрално владење на режисерската техника. Му дозволува на гледачот да рефлектира за она што е хуман, истражувајќи ја човековата состојба. Филмот го надминува неговиот локален контекст преку суспендираното неумирање на протагонистот допуштајќи да се расплете магичниот триаголник на моралот, апатијата и нужноста; сублимирано искуство на човековата истрајност.” (ФФФ жири 2020)

 

⚜️ РОЗЕВО ВЕТУВАЊЕ (Pinky Promise / Dasmensch) на реж. Софи Линенбаум / Sophie Linnenbaum

Специјално признание „Стефан Сидовски – Сидо“ од жирито (плакета “Стефан Сидовски – Сидо”)

ПОГЛЕДНИ ГО ФИЛМОТ:
https://cinesquare.net/#/movie/1504/_pinky_promise

РОЗЕВО ВЕТУВАЊЕ ја пресвртува летаргијата на високата класа со игрива деконструкција на тиранијата на социјалните договори. Дискурзивно соочувајќи се со основите на политичкото, филмот се движи вешто помеѓу комичната нота и неопходната рефлексија за личната и колективната одговорност. Редуцирајќи ги принципите на апсурдни искази, филмот го открива ритуалот на меѓугенерациска иницијација во одржувањето на статус квото. Реализирано со забавен тон и интензитет, филмот служи како потсетник за потребата да се соочи со предизвикот и да се замeни историската инертност со критичко преиспитување на сегашноста.“ (ФФФ жири 2020)

Им честитаме и на режисерите и на нивните екипи во креирањето на овие инспиративни дела и со нетрпение ги очекуваме следните проекти на Шејди и Софи! Останете на фреквенцијата на Филозофски Филмски Фестивал утре напладне за интервју на проф. д-р Александар Прокопиев со победничките автори…

 

Related Post