ФФФ CROWDFUNDING АКЦИЈА (4-18 мај)
[🤚🖐 CROWDFUNDING АКЦИЈА ]
➡️ 14 денови да ни помогнеш
Зошто онлајн фестивал и зошто #solidarnakulturnaakcija?
https://letsfundit.mk/Home/ProjectDetails/10181
Голем број на културни манифестации низ целиот свет се адаптираа на кризните околности поткрепувајќи го животот преку културата во домашна изолација и давајќи му една перспектива за светот потоа. Повеќе филмски фестивали, во исклучително краток временски период, успеаја да пронајдат или да креираат алтернативни форми и решенија да ги споделат своите програми во виртуелните кино сали овозможувајќи, и за време на ковид кризата, одржување на континуитетот на културниот и социјалниот живот на нашите заедници, обезбедувајќи пристап до културата и покрај отежнатата економска состојба на голем број луѓе и покажувајќи ги виталноста, значењето, но и одговорноста на културата (вклучително и независната културна сцена на која му припаѓа Филозофскиот Филмски Фестивал) и во едно вакво време.
И токму затоа, ФФФ ПРОЛЕТНИТЕ ОНЛАЈН МИГРАЦИИ се солидарна културна акција, од и за културата, преку која сакаме што повеќе луѓе да уживаат во филмот (без оглед на тоа кој и колку би можел да придонесе), и креативно и солидарно заеднички да ја осмислиме оваа пролет, бидејќи нам (а се надеваме и вам) ни се потребни културата и филмот! Доколку сакаш и си во можност да ни помогнеш да го донесеме ФФФ до што поголем број луѓе и да им помогнеме на нашите режисери да ја продолжат нивната работа, а истовремено да се дружиме заедно со интересни филмски остварувања од повеќе од 2️⃣0️⃣ земји на Cinesquare и повеќе гости од Македонија и странство од 21-31 мај, помогни ни да го оствариме ова преку нашата [🤚🖐CROWDFUNDING АКЦИЈА] на македонската платформа за групно вложување letsfundit.mk.
Трите начини на кои можеш да ни помогнеш се:
🔶 Ако можеш (и колку можеш), поддржи ја оваа акција, а од десната страна на сајтот избери си ја наградата што ти се допаѓа. Секоја твоја поддршка и помош ни е драгоцена!
🔶 Доколку не си во можност да донираш, можеби можеш да ја споделиш акцијата преку твојата социјална мрежа и можеби некој друг ќе може да ни помогне. и, секако, без оглед на тоа што ќе одбереш:
🔶 Придружи ни се на фестивалот од 21-31 мај и сподели ја љубовта кон филмот со твоите пријатели и семејството!