Работилница за млади со професорот Стефан Сидовски

Вториот сегмент од Едукативната програма на 8. ФФФ e Работилницаta за млади која ќе се одржи во месец март. Доколку имаш 18-25 години, ја сакаш филозофијата и нејзините големи прашања и загатки, а исто така си и филмофил и сакаш да мислиш во слики, професорот СТЕФАН СИДОВСКИ, омилениот професор на бројни генерации Корчагинци, универзитетски професор, „Мајстор на аматерскиот филм“ (со снимени преку 100 независни филмови) и единствениот човек во Македонија којшто, во времето кога никој не зборуваше за филозофијата и филмот, истражуваше во оваа интересна област и креираше филмови инспирирани од филозофски концепти и идеи, ќе те поведе на едно незаборавно патување, а посветените ќе имаат можност, со поддршка на професорот, да креираат и филмска етида на зададена филозофска тема. Повеќе информации за времето и местото на одржување, како и начинот за пријавување на работилницата имате на постерот во прилог. Електронскиот линк за пријавување е: https://goo.gl/forms/vTpuiOBO6c42UXxn2 Со нетрпение те очекуваме 

 

Related Post