ФФФ Караван: Св. Николе

По прикажувањето на победничките филмови на ФФФ 2017 во Штип со што беше отворен ФФФ Караванот на 7. Филозофски Филмски Фестивал, на 21 април 2017 се случи втората средба во Свети Николе. Настанот се одржа во ко-организација со МСУ „Гаврило Романович Державин“, соработници на Фестивалот веќе втора година.

Денот беше започнат со работилницата „Вовед во филм – Како настанува филмската слика?“ со режисерката Ана Опачиќ наменета за учениците од СОУ Гимназија „Кочо Рацин“ од Свети Николе. Работилницата  беше одржана во попладневните часови на Универзитетот МСУ „Державин“. Истата вечер, пошироката публика во Свети Николе беше пречекана со проекцијата на култниот филм на Орсон Велс „Граѓанинот Кејн“ со којшто беше отворен Фестивалот на почетокот од месецот во Скопје, а по проекцијата на филмот проф. д-р Љубомир Цуцуловски одржа излагање на тема „Навраќање“ инпирирано од филмот. Како по секоја од проекциите во Главната програма, на крајот од вечерта следуваше и дискусија со публиката. Фотографиите од ФФФ Караванот во Свети Николе се наоѓаат тука.

Влезот за проекциите во ФФФ Караванот е бесплатен, а поканети се сите заинтересирани граѓани кои сакаат да присуствуваат на проекциите.