Андреј Тарковски: Филмска молитва – Отворање на ФФФ (21/05, 20.00)

[ФФФ Docs.] OPENING FILM

АНДРЕЈ ТАРКОВСКИ: ФИЛМСКА МОЛИТВА / ANDREY TARKOVSKY. A CINEMA PRAYER (2019), реж. Андреј А. Тарковски, Италија, Русија, Шведска, 97′

со вовед во филмот на Атанас Чупоски (филмолог, Кинотека на С. Македонија)

21 мај (четврток), 20.00 часот, www.cinesquare.net/pff

 

A masterpiece could be a manifestation of a soul passing next to you and clearly going upward, somewhere skyward, sweeping beside you, and leaving behind just a breath of wind for you to feel… – Andrey Tarkovsky

„Голем број оригинални теории се изнесени во обидот да се објасни феноменот Тарковски. Кои се принципите што го воделе при создавањето на неговите филмови? Од каде ја добивал својата инспирација? Што проживеал и што сакал да и соопшти на публиката? Дали би било возможно, по повеќе од 30 години од неговата смрт, повторно да се слушне гласот на режисерот како зборува за својот живот, својата професија, своите дела?“ – Токму во овие зборови на синот на големиот филмски маг, кој и самиот е режисер (документарист) и претседател на Интернационалниот институт Андреј Тарковски, треба да се бара и целта која си ја поставил при режирањето на документарниот филм за својот татко. Големиот руски режисер Андреј Тарковски, чии филмови се сметаат за ремек-дела во историјата на филмот, остави осум филмови зад себе и сè поголем интерес и желба да ја разбереме неговата уметност. Филмот ни го претставува животот и делото на Тарковски, препуштајки го филмскиот корифеј да зборува, самиот раскажувајќи ни ја сопствената приказна и споделувајќи ги своите сеќавања, својот поглед на уметноста и своите размислувања за судбината на уметникот и смислата на човековото постоење. Благодарение на исклучително ретките аудио снимки гледачот има можност да се внурне во таинствениот филмски свет на Тарковски и да наѕирне во пределите на неговата интима.

Филмот премиерно беше прикажан на Венеција Класикс на Венецискиот филмски фестивал во 2019 и, оттогаш, на бројни филмски фестивали како една неодминлива филмска лектира, не само за почитувачите на делото на филмскиот гениј, туку и за сите љубители на

ЗА АТАНАС ЧУПОСКИ

Атанас Чупоски е писател и режисер, доктор на филолошки науки. Вработен е како филмолог советник во Кинотека на Северна Македонија, сценарист и режисер е на седум документарни и еден краткометражен игран филм. Автор е на дваесетина ТВ-емисии во продукција на МРТ и стотина радиоемисии во продукција на Канал 103 и Радио Равел. Автор е на четири книги и над стотина книжевни и филмолошки студии, есеи, песни, раскази и публицистички текстови. Професор е по Историја на филм, Теорија на филм и Литература, филм и политика на два македонски приватни универзитети. Член е на Друштвото на писателите на Македонија, на Друштвото за компаративна книжевност на Македонија и на Центарот за култура и културолошки студии.

 

 

www: https://syndicadofs.com/andrey-tarkovsky-a-cinema-prayer/

film review: https://cineuropa.org/en/newsdetail/377134/

interview: https://cineuropa.org/en/interview/376939/