Вебинар – Ковид-19 и состојбите во филмскиот сектор во С. Македонија

Вебинар на тема

ТОЧКИ НА ГЛЕДАЊЕ: КОВИД-19 И СОСТОЈБИТЕ ВО ФИЛМСКИОТ СЕКТОР ВО С. МАКЕДОНИЈА
27 мај (среда), 11.30 часот

 

 

Филозофскиот Филмски Фестивал го одржа првиот вебинар кој се обиде да отвори дијалог, да понуди простор за размена на идеи и искуства и да отвори перспективи за солидарни соработки во земјата за време на ковид кризата. Откажување, одложување или онлајн фестивали? Како домашните и европските институции одговорија на ковид кризата? Ограничувањата како потенцијал за креативноста? „Новата нормала“ и реосмислувањето на филмската индустрија? Како сакаме да го замислиме филмскиот сектор во иднина? – се дел од прашањата на кои дискутиравме со нашите гости.

Најискрено се надеваме дека дискусијата ќе продолжи во текот на годината (можеби на летните или есенските фестивали) и дека солидарно и креативно ќе наоѓаме решенија кои се во прилог на сите оваа тешка година. Голема благодарност до сите панелисти!

· Анита Стојческа (Агенција за филм)

· Игор Иванов (режисер, ДФРМ / Манаки)

· Бистра Георгиева (МЕДИА Деск МК)

· Владимир Љ. Ангелов (Кинотека)

·  Русе Арсов (МКЦ / Cinedays)

· Саша Станишиќ (Катавеј / Cinesquare)

· Стефан Палитов (режисер)

· Атанас Георгиев (режисер / продуцент)

· Татјана Јаневска (Скопски Филмски Фестивал) и

· Дарко Набаков (МакеДокс)

 

Модератор: Ана Дишлиеска Митова

 

Вебинарот е првенствено наменет за членовите на филмскиот сектор во земјата, како и за медиумите заинтересирани за темата. Ако сте заинтересирани за учество, регистрирајте се на contact@philosophicalfilmfestival.mk само со ваше име и презиме и името на вашата компанија/организација. Потврда за присуство со Zoom линк за вебинарот ќе ви биде испратен по мејл најдоцна два дена пред настанот.

Онлајн собата за вебинарот има капацитет од 100 места и присутните ќе може да се вклучат со прашања за гостите.