ФФФ ПРОЛЕТНИ ОНЛАЈН МИГРАЦИИ * ДНЕВНА ПРОГРАМА *
ФФФ ПРОЛЕТНИ ОНЛАЈН МИГРАЦИИ * НАША ПРЕДЛОГ ДНЕВНА ПРОГРАМА *
#ideasworlds #pffhomecinema #socijalnakulturnaakcija
Каталог ФФФ ПОМ 2020: https://tinyurl.com/yacsche3
-> симни ја дневната програма тука: https://tinyurl.com/y72le9oj
Сите филмови и активности на ФФФ оваа пролет можеш да ги проследиш бесплатно. Регистрирај се на www.cinesquare.net/pff и сподели ја радоста од филмот со пријателите и семејството! И бидејќи не можеме да уживаме во филмот на исто место, ви предлагаме #voistovreme, заедно, да погледнеме дел од годинешната програма во следниве термини:
21/05 ЧЕТВРТОК 20h00
[ФФФ ОТВОРАЊЕ]
АНДРЕЈ ТАРКОВСКИ: ФИЛМСКА МОЛИТВА (Andrey Tarkovsky. A Cinema Prayer, 2019)
реж. Андреј A. Тарковски / Andrei A. Tarkovsky (IT/RU/SE), 97′
со вовед на Атанас Чупоски (филмолог, Кинотека)
филм: https://cinesquare.net/#/movie/1527/-andrey-tarkovsky-a-cinema-prayer
Документарен филм за големиот филмски маг во режија на неговиот син кој и самиот е режисер (документарист) и претседател на Интернационалниот институт Андреј Тарковски. Благодарение на исклучително ретките аудио снимки гледачот има можност да се внурне во таинствениот филмски свет на Тарковски и да наѕирне во пределите на неговата интима.
22/05 ПЕТОК
19h00, филмови / 21h30, средба со Манчевски
КРАТКОМЕТРАЖНА ВЕЧЕР 1* и СРЕДБА СО МИЛЧО МАНЧЕВСКИ,
филмови: https://cinesquare.net/#/collection/168
Zoom средба: https://zoom.us/j/91678007392
Првиот дел од филмовите од Официјалната селекција на краткометражни филмови (селектор: д-р Дејан Здравков) и специјална проекција на експерименталниот краткометражен филм на Милчо Манчевски – ЧЕТВРТОК (2013) со средба со режисерот.
23/05 САБОТА 20h00
ЕДЕН ДРАМАТИЧЕН ФИЛМ (Un film dramatique, 2019),
реж. Ерик Бодлер / Éric Baudelaire, France 114′
со вовед на д-р Бошко Караџов (професор и истражувач)
филм: https://cinesquare.net/#/movie/1528/_a_dramatic_film
Што правиме (ние) заедно, ако тоа не е ниту документарен, ниту игран филм? Драматичен филм, можеби, каде што времето го остава својот печат врз телата и говорот на учениците од филмската група во средното училиште Дора Мар, и каде што ја гледаме трансформативната моќ на филмот и неговата уникатна можност за саморефлексија преку будното гледање (и забележување) на светот.
24/05 НЕДЕЛА 20h00
КРАТКОМЕТРАЖНА ВЕЧЕР 2*
Вториот дел од филмовите од Официјалната селекција на краткометражни филмови (селектор: д-р Дејан Здравков), заедно со ревијално прикажување на ОБРАЗ (2011) на проф. д-р Стефан Сидовски и БИТИЕ И НИШТОСТ (2007) на режисерката Бади Минк.
филмови: https://cinesquare.net/#/collection/169
27/05 СРЕДА 11h30
Вебинар
Точки на гледање: КОВИД-19 и состојбите во филмскиот сектор во С. Македонија
Филозофскиот Филмски Фестивал ве поканува на првиот вебинар кој ќе се обиде да отвори дијалог, да понуди простор за размена на идеи и искуства и да отвори перспективи за солидарни соработки во земјата за време на ковид кризата. Откажување, одложување или онлајн фестивали? Како домашните и европските институции одговорија на ковид кризата? Ограничувањата како потенцијал за креативноста? „Новата нормала“ и реосмислувањето на филмската индустрија? Како сакаме да го замислиме филмскиот сектор во иднина? – се дел од прашањата на кои ќе дискутираме со нашите гости:
· Игор Иванов (режисер, ДФРМ / Манаки)
· Бистра Георгиева (МЕДИА Деск МК)
· Владимир Љ. Ангелов (Кинотека)
· Саша Станишиќ (Катавеј / Cinesquare)
· Стефан Палитов (режисер)
· Татјана Јаневска (Скопски Филмски Фестивал)
· Дарко Набаков (МакеДокс) и
· претставник од Агенцијата за филм.
Регистрација на: contact@philosophicalfilmfestival.mk само со име/презиме и име на компанија или организација (органичен капацитет на виртуелната соба).
30/05 САБОТА 20h00
МАРСЕЛ ДИШАН: УМЕТНОСТА НА ВОЗМОЖНОТО (Marcel Duchamp: Art of the Possible, 2019)
реж. Метју Тејлор / Matthew Taylor (US) 89′
со вовед на Кирил Трајчев (професор и селектор, Филозофски Филмски Фестивал)
филм: https://cinesquare.net/#/movie/1529/-marcel-duchamp-the-art-of-the-possible
Што е уметност? Ова беше прашањето што го постави таткото на концептуализмот, Марсел Дишан, кога стави писоар во уметничка галерија во 1917 година. Документарен филмот којшто го истакнува уникатното влијание на филозофијата и уметноста на Дишан и, што е уште поважно, истражува како револуционерните идеи на Дишан од почетокот на XX век сè уште ја обликуваат уметноста и културата во XXI век.
31/05 НЕДЕЛА 20h00
[ФФФ ЗАТВОРАЊЕ]
Онлајн концерт
ЕМА ПОПИВОДА со ACOUSTIC ELECTRONICS (во соработка со Град Скопје)
Музички перформанс на врвната македонска пијанистка во кој најпознатите електронски хитови на
Kraftwerk, New Order, Bronski beat, Frankie Knuckles, Orbital… се обработени и изведени на пијано
……………………………………………………………………………………………………………………
29/05 ПЕТОК
19h00, филмови / 21h00, средба со Сакса
ФФФ СРЕДНОМЕТРАЖНИ ФИЛМОВИ
СЛИКА НА ЖИВОТНО (Animal Image / Eläimen kuva, 2019) и СРЕДБА СО ПЕРТУ САКСА
реж. Перту Сакса / Perttu Saksa, поетски документарен филм, Финска, 30’
филм: https://cinesquare.net/#/movie/1532/_animal_image
Zoom link: https://zoom.us/j/97379191218?pwd=ajBoTXdSRjVaYTVYK0dqMXJUd2dxUT09
Поетски документарен филм за бесконечната врска помеѓу човекот и животното креиран околу оригиналната музика на финските џез музичари Вернери Похјола (Verneri Pohjola) и Мика Калио (Mika Kallio). Музиката во филмот, базирана на импровизација, ги отстранува бариерите на пишаниот јазик или фикцијата, правејќи го филмот едно вистинско мултисензорно искуство во кое сликата и звукот се во совршено единство.
оригинален саундтрак: https://verneripohjolamusic.bandcamp.com/album/animal-image
ЕДГАР МОРЕН, МИСЛИТЕЛ ВО ПАРИЗ (Edgar Morin, A Thinker in Paris / Edgar Morin, un penseur à Paris, 2019)
реж. Момоко Сето / Momoko Seto, документарно-анимиран филм, Франција, 40’
филм: https://cinesquare.net/#/movie/1530/_edgar_morin_a_thinker_in_paris
Француска документарно-анимирана приказна за социологот, филозоф и „планетарен хуманист“ Едгар Морен, градот на неговото срце – Париз и темелите на неговата „комплексна мисла“, низ гласот на авторот.
КОНТРАПУНКТ (Counterpoint, 2019)
реж. Иван Короман / Ivan Koroman, комедија, Босна и Херцеговина, 24′
филм: https://cinesquare.net/#/movie/1531/_counterpoint
Во мала канцеларија на еден оддел од локалната самоуправа, нема ништо ново под неонските светла. Менаџерот на канцеларијата и неговите вработени се провлекуваат низ секојдневната рутина, сѐ додека еден вработен не реши да го наруши постоечкиот статус кво.
……………………………………………………………………………………………………………………
ФФФ КРАТКОМЕТРАЖНИ ФИЛМОВИ 1 (125 min.)
Филмовите бесплатно можеш да ги погледнеш тука и да ги споделиш со пријателите: https://cinesquare.net/#/collection/168
Ревијално прикажување:
ЧЕТВРТОК (Thursday, 2013), реж. Милчо Манчевски / Milcho Manchevski (US), 1’30’’
Официјална селекција 2020:
1. ЕДЕН (One / Uno, 2018), реж. Хавиер Марко Рико / Javier Marco Rico (ES), 10′
2. ДА СЕ БИДЕ КАКО БАГЗИ (Being More Like Bagsy, 2018), реж. Микел Сторм Гломштајн / Mikkel Storm Glomstein (NO), 16′
3. КРАДЦИ (Thieves, 2018), реж. Јулиус Кристијан Телмер / Julius Christian Telmer (DK/US), 14′
4. ПОТ.СЕТИ.МЕ (Re.Mind.Me, 2019), реж. Филип Твардовски / Filip Twardowski (PL), 4′
5. СИТЕ ОВИЕ СУШТЕСТВА (All These Creatures, 2018), реж. Чарлс Вилијамс / Charles Williams (AU), 13′
6. БЕСМРТНИТЕ ЈАСТОЗИ (Les Homards Immortels, 2017), реж. Кејт Вое / Kate Voet (BE), 13′
7. РОЗЕВО ВЕТУВАЊЕ (Pinky Promise / Dasmensch, 2019), реж. Софи Линенбаум / Sophie Linnenbaum (DE), 15′
8. АСМИНА (Ashmina, 2018), реж. Декел Беренсон / Dekel Berenson, (NP/IL/UK), 15′
9. КОЈ ЗБОРУВА (Who Talks, 2019), реж. Елин Евергард / Elin Övergaard (SE), 15′
10. ВИКЕНД (Weekend, 2019), реж. Арио Мотеваге / Ario Motevaghe (IR) 7′
ФФФ КРАТКОМЕТРАЖНИ ФИЛМОВИ 2 (145 min.)
Филмовите бесплатно можеш да ги погледнеш тука и да ги споделиш со пријателите: https://cinesquare.net/#/collection/169
Ревијално прикажување:
ОБРАЗ (Face), 2011, реж. Стефан Сидовски / Stefan Sidovski (МК), 13’49’’
1. КОГА АНДРОГИНОТО ДЕТЕ (When the Androgynous Child / Cuando El Niño Andrógino, 2019), реж. Мелина Пафунди / Melina Pafundi (DE/AR), 9′
2. ОСЛО (Oslo, 2019), реж. Шејди Сроу / Shady Srour (IL/DE) 15’50”
3. МЕЛАНХОЛИЈА (Seeping Blue / Un sorbo de azul, 2019), реж. Дејжа Гордон / Deja Gordon (US), 13’05”
4. БOJE (Bоје, 2019), реж. Андреас Кордес и Роберт Колер / Andreas Cordes & Robert Köhler (DE), 10′
5. БИЛЕТ (Titcket, 2019), реж. Никита Танаџи / Nikita Tanadzhy (PL), 16′
6. ПОГЛЕДНИ МЕ (Look at Me / Mírame, 2019), реж. Ана Торес / Ana Torres (ES), 5′
7. 2. КЛАС/А (2nd Class, 2018), реж. Џими Олсон / Jimmy Olson (SE), 13′
8. ГРАНИЧЕН ПРЕМИН (Border Crossing / Przejście graniczne, 2019), реж. Агњешка Хмура / Agnieszka Chmura (PL), 15′
9. ПОСТОЈАНОСТ (Permanence / Permanencia, 2020), реж. Камило Паласиос / Camilo Palacios (CO), 13′
10. ВОЗЕЊЕ, ПОЕМА ЗА МОЈОТ ТАТКО (Drive, A Poem for My Father / Vožnja, pesem za očeta, 2018), реж. Ирена Гатеј / Irena Gatej (SI), 13′
Ревијално прикажување:
БИТИЕ И НИШТОСТ (Being and Nothingness / Das Sein und Das Nichts, 2007), реж. Бади Минк / Bady Minck (LU/AT), 10′
Жири краткометражни филмови: Стефан Палитов, Stanisław Liguziński (PL/NL), Стефан Видиков
НАГРАДИ
„Златен був“ за Најдобар краткометражен филм според жирито со мала парична награда во знак на солидарност со режисерите и Специјално признание „Стефан Сидовски-Сидо“ во чест на проф. д-р Сидовски кој беше член на тимот на Филозофскиот Филмски Фестивал.
гј
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ „ФИЛОЗОФИЈА И ФИЛМ“
Дел од издавачката дејност на ФФФ и Филозофското друштво на Македонија ставена на располагање на пошироката јавност: првата публикација во Македонија од областа на филозофијата и филмот во националното филозофско списание Филозофска трибина.
-> симни го е-тематот тука: https://tinyurl.com/yafq6e3m
гул
…………………………………………………………………………………………………..
Сите филмови се со македонски и англиски превод (освен филмот за Едгар Морен кој е само со македонски превод)
Сите настани ќе бидат снимени и потоа достапни на YouTube каналот на Фестивалот: Philosophical Film Festival
Програмата, со уште неколку изненадувања, е се уште отворена и може да биде дополнета во наредните неколку денови.