ФФФ Караванот во Прилеп и Битола

По две успешни проекции на ФФФ Караванот во источниот дел на Македонија – Штип со победничките филмови на Фестивалот и Свети Николе со Граѓанинот Кејн, оваа недела се упатуваме кон Прилеп и Битола да го заокружиме ФФФ Караванот каде што ќе организираме две филмски проекции проследени со дискусија со публиката и работилница за средношколци во Битола.

Во вторник (25 април) се гледаме со прилепската публика во Градската библиотека „Борка Талески“ во коорганизација со македонскиот филозофаки портал „Акиндин“. Во Прилеп гостинка ќе биде проф. д-р Јасна Котеска која по проекцијата на Бранот (Die Welle) на Денис Генсел ќе отвори дискусија со публиката на тема „Бранот: Човечката психологија и авторитарноста“. Место и време на случување: Градска библиотека „Борка Талески“ – Прилеп19.00 часот.

Наредниот ден, во среда (26 април) ќе се упатиме кон Битола. Денот ќе го започнеме со  работилница за средношколците од Државното музичко училиште во Битола на тема „Вовед во филм – Како настанува филмската слика?“ со режисерката Ана Опачиќ. Потоа во вечерните часови продолжуваме со проекција на Небо од ванила (Vanilla Sky) на Камерон Кроу, римејк на шпанскиот Abre los ojos на Аменабар. За филмот ќе говори доц. д-р Вангел Ноневски, а заедно со Дебатно кино „Контра Кадар“ ќе отвориме дискусија по проекцијата. Место и време на случување: Мала сала на Центарот за културата во Битола19.00 часот.

Влезот за двете проекции е бесплатен. Ве очекуваме!

 

Related Post